strumica denes logo

ФФМ ја одби жалбата на „пандевци“: Нема прекршување на правилата

Автор:

Датум:

март 2, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

март 2, 2018

Категории:

Спорт

Случајот со спорниот момент на мечот меѓу Шкендија и Академија Пандев денес го доби конечниот исход, откако Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ја одби жалбата на струмичкиот тим.

Од таборот на Академија Пандев тврдеа дека тетовчани ги прекршија законите на ФФМ, со образложение дека во нивниот меѓусебен дуел Шкендија неколку минути во првиот период играше без младинец, но сепак, не мисли така Дисциплинската комисија.

Комисијата одлучи дека немало прекршување на правилото од правилникот за натпреварување на ФФМ, па резултатот се регистрира со постоечкиот, односно со победа на Шкендија од 1-0.

„Комисијата за натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија по разгледување на жалбените наводи и документацијата за натпреварот Шкендија – Академија Пандев изврши увид во записникот од прволигашката пресметка на двата клуба, детално го разгледа дополнителниот делегатски извештај и изјава од судијата на натпреварот одигран на 25 февруари 2018 година во Тетово во рамки на 21. коло на ПМФЛ при што ја утврди следната фактичка состојба:

Комисијата за натпреварување во конкретниот случај ги ценеше и другите оконости кои влијаеле на последиците од постапките на пријавената екипа, но од писмените докази се утврди дека се работи за исклучување на играч заради добиен црвен картон од страна на судијата на натпреварот, добиената санкција – црвен картон има суспензивно дејство и екипата чии играч се исклучува останува со играч помалку. Согласно ова комисијата утврди дека клубот нема направено дејство во насока на прекршување на правилото, од причина што екипата останала со играч помалку поради санкција изречена од службено лице –црвен картон. Полувремето, го играла и завршила со играч помалку.

Со одредба од Пропозициите за натпреварување (Правилото од член 20 став 3 ) е утврдена обврската на клубот да го отпочне и заврши натпреварот со 1 (еден) домашен фудбалер кој нема навршено 21 година и обврската предвидена за клубот ќе се смета за прекршена доколку клубот превземе дејство во насока на отсуство (на пример да изврши измена во текот на натпреварот) на 1 (еден) домашен фудбалер кој нема навршено 21 година во играта. Во конкретниот случај клубот нема превземено такво дејство, туку клубот останал да го игра полувремето без 1 (еден) домашен фудбалер кој нема навршено 21 година поради одлука на службено лице (санкција – црвен картон). Клубот полувремето и натпреварот го играл со играч помалку. Во таа насока од причина што Комисијата утврди дека од страна на клубот не е направен прекршок на одредбата од член 20 став 3 од Пропозициите за натпреварување на ПМФЛ, врз клубот не може да се превземат санкции предвидени во член 100 став 1 точка 10 од Правилникот за натпревари“, пишува во соопштението на ФФМ.