Александра Јанева објави преработка на баладата „Then“ од Ен-Мари, еден од најкарактеристичните вокали на денешницата.
Видеото е направено во домашни услови, заедно со нејзиниот лајв бенд 2Be. Аранжманот е на младиот талентиран гитарист Тино Стојановски.
„Кога имаш посебна песна од омилена пејачка, а посакуваш да биде твоја, тогаш не ти останува ништо друго освен да си направиш преработка за душа!“ – пишува Јанева на социјалните мрежи.