strumica denes logo

Утре протест пред Влада за да се запре убивањето и мачењето на кучиња!

Автор:

Датум:

јануари 12, 2023

Категории:

Животни, Струмица

Автор:

Датум:

јануари 12, 2023

Категории:

Животни, Струмица

Утре, на 13 јануари, во 16 часот е закажан протест пред Владата со цел да се спречи убивањето и мачењето на кучиња.

Ги повикуваме сите граѓани да излеземе во петок како револт за немилите настани каде беа пукани и убиени кучиња во Струга. Ве повикуваме сите да покажеме дека вака веќе не може и дека нема да молчиме на злосторствата кои се случуваат пред наши очи!

Дојдете во петок со транспаренти, со свирчиња,со црвена боја во било која форма како симбол за сите невини убиени животни бидејќи ние сме гласот на сите безгласни невини души, се вели во најавата за протестот.