Perdormire
Здравје

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ВРАЌАЊЕТО НА РЕСТРИКЦИИТЕ НА НИКОЈ НЕ МУ ПАЃА ЛЕСНО, НО МОЈА ОБВРСКА КАКО МИНИСТЕР Е ДА ВЕ ЗАШТИТАМ!

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ:

Враќањето на рестрикциите на никој не му паѓа лесно. Верувам дека можеби се чуствувате обесправени бидејќи најголем дел од вас доследно се придржуваат до мерки за што сум ви благодарен. Но, моја обврска како министер е да направиме сѐ за заштита на колективното здравје, како и заштита на здравствениот систем кој не смееме да дозволиме да се оптовари. Ако било кога во историјата на земјата било потребно единство и заеднички интерес, тоа е сега. Убеден сум ако сите се заложиме и секој со своето влијание се бори за заедничката цел – здравјето на граѓаните, верувам дека ќе успееме многу брзо да го надминеме и овој втор бран.