ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Барам итно надлежните институции да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин!

јули 19, 2020

Венко Филипче на својот фејсбук профил повика веднаш санкции за организаторите на журките низ земјава.

Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано, напиша Филипче.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ