УТРЕ ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ИМА ПРОДОЛЖЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИКОТ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ И МУСЛИМАНСКИОТ ПРАЗНИК БАЈРАМ!

мај 19, 2020

Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам.

Комисијата за заразни болести утре ќе расправа за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник, како и за отворањето на угостителските објекти, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Го најавивме отворањето на угостителските објекти во оваа недела, но во текот на дискусијата ги имавме предвид и претстојните празници за време на викендот, така што во текот на утрешниот ден ќе ја знаеме дефинитивната одлука согласно стручните препораки, истакна Филипче.

Најави дека утре ќе се расправа и за следните чекори на олабавување на мерки за одредени субејкти и економски оператори, кои ги најавиле за крајот на оваа недела, како и за следните чекори за евентуално дополнително олабавување на превентивните мерки.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

СЛИЧНИ ВЕСТИ