СТРУМИЧКАТА ОПШТА БОЛНИЦА ДОБИ ПЕТ РЕСПИРАТОРИ!

јуни 12, 2020

Наке Гогов, директор на струмичката Општа болница:

Ние како “ЈЗУ Општа болница – Струмица” денеска од министерството за здравство добивме 5 респиратори од кои 2 за во интензивна нега, а другите 3 се портабл-преносни кои служат за транспорт на пациенти до други болнички установи.

Исто можат да се користат и во одделението за интензивна нега.

Со нив ќе работат тим на наши специјалисти – анестезиолози во кои јас имам голема доверба и високо мислење .

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: