Perdormire
Здравје

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ПРОГЛАСУВАМ НОВА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА!

Советот за безбедност на денешниот состанок донесе нова одлука со која на предлог на Владата се прогласува вонредна состојба за уште 30 дена.

– Постојната вонредна состојба завршува денеска, а поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена, и нема да биде формално правно продолжена, бидејќи за тоа нема уставно-правен основ. Затоа јас денеска врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуацијата кога Собранието не работи ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација за период од 30 дена на целата територија на државата.

Но, ова решение не ја намалува подгооввроста на сите релевантни политички фактори во државата јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање зсатоа што на средината на мај ќе ги имаме истите правни дилеми пред себе, изјава претседателот Стево Пендаровскки во обраќањето по седницата на Советот.

Тој ги пренесе и реакциите на многу граѓани до него во однос на мерката за ограничување на движењето со над 80 часа, практично целосна забрана за движење на целата територија што се предвидува за празникот.

– НИЕ ВО МОМЕНТОВ СПАЃАМЕ ВО ГРУПАТА НА ЗЕМЈИ СО НАЈРИГИДНИ МЕРКИ ВО ОВАА СМИСЛА ВО ЕВРОПА. НЕ САМО МЕНЕ НО И НА ОГРОМНИОТ БРОЈ ГРАЃАНИ ИМ Е ЈАСНА ЛОГИКАТА И ОПРАВДАНОСТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОВАА МЕРКА, НО НАЈДРАСТИЧНИТЕ МЕРКИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ ПО ИСКЛУЧОК И ВО НЕКОЈ РАЗУМЕН РОК, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ, ПОСОЧУВАЈЧИ ОТИ СЕ ПОВЕЌЕ ОД ТОА ЌЕ БИДЕ КОНТРАПРОДУКТИВНА И МОЖЕ ЌЕ ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО НО ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ПРОБЛЕМИ ВО НЕКОИ ДРУГИ ОБЛАСТИ.

Ваков ист став Пендаровски има и за затворањето на стопанските субјекти и ја охрабри Владата по празникот да го дефинира оланот за фазно постепено враќање на економската активност во нормала.

– Јасно е дека не само ние, туку целиот свет ќе мора да нмаучи да живее со вирусот подог временски период а во меѓувреме ќе мора да изнајдеме моделатите животот со сите неопходни рестрикции и превентивни мерки да родолжи да функционира, рече Пендаровски, додавајќи дека Совгетот за безбедност ќе продолжи да ја следи состојбата и ќе заседава кога за тоа ќе се јави потреба.

На состанокот не присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Од Владата во меѓувреме, потврдија, дека по информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на Ковид-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев, кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација.