Perdormire
Здравје

СЕ ВРАЌАМЕ ПОВТОРНО НА ПОЧЕТОКОТ: 62 НОВИ ЗАБОЛЕНИ ДЕНЕСКА ОД КОВИД-19!

Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 24

– Куманово 2

– Штип 14

– Тетово 12

– Струга 4

– Велес 1

– Гостивар 3

– Кочани 1

– Валандово 1

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај.

Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти

– Скопје 5

– Куманово 1

– Тетово 9

– Битола 1

– Гостивар 1

Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.