ПРОФЕСОРОТ ДАНИЛОВСКИ: ДЕЦАТА ВО ШКОЛО БЕЗ МАСКИ, НЕ ДЕЦА СО ПОРЕМЕТЕНА ПСИХА, ЗАТУПАВЕНИ, ДЕЦА ИДНИ ПСИХО-СОЦИОПАТИ!

јануари 31, 2022

Клучен елемент во „новото нормално“ се училиштата, вели во неодамнешниот разговор за Фактор, епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски.

Фигуративно кажано… сѐ нека се затвори, ама училиштата да останат отворени! И тоа без маски за децата! Зошто? Зашто, децата се нашата иднина! Ама, деца здрави, образувани. Не деца со пореметена психа, деца затупавени, деца збеснати, деца полудиви, деца идни психо-социопати, Доволно беше две години што издржаа. Веќе не смееме тоа да го дозволиме. Неприфатливо е децата да не одат на училиште, со образложение да ги заштитат постарите членови во семејството! Сега веќе имаме вакцини на располагање. Нека се вакцинираат! Не можеме да дозволиме децата да се жртвуваат за нас возрасните. Обратно треба да биде! Затоа, возрасните што имаат ученици дома нека се заштитат како знаат и умеат! Нека се вакцинираат со три дози. Наставниците, исто така! За нив маските да останат задолжителни! Со делта ова немаше да биде прифатливо. Ќе беше неодговорно. Но, потребна е и еластичност во приодот. Мора да постои опција за настава на далечина (онлајн), за сите оние кои од субјективни или објективни причини не сакаат или не можат да си ги пратат децата на настава во живо. Ваквиот тип на „ново нормално“ веројатно ќе потрае неколку години. Додека, постепено, сите делови на планетата не достигнат високо ниво на имунитет – некој порано, некој подоцна… Дури тогаш, пандемијата ќе биде завршена во вистинска смисла на зборот, оценува професорот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ