Home

Perdormire
Здравје

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ВЕЛИГДЕН И 1 МАЈ? ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ!

Home

За време на викендот и наредните неколку дена ќе се прави епидемиолошка проценка по што ќе се донесе одлука дали полицискиот час кој трае од 20 часот навечер до 5 часот наутро ќе биде продолжен и по 20 април или евентуално би биле донесени нови мерки.

-Нема да има ниту еден друг параметар или критериум освен заштита на здравјето, а во таа смисла проценката на епидемиолошката состојба ќе каже дали мерките ќе продолжат или ќе се модифицираат, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека надлежните институции ќе разговараат за ова и согласно состојбата ќе донесат соодветни одлуки.

Во моментов на сила е ограничување на движењето на граѓаните во период од 20 до 05 часот, а затворени се и угостителските обекти и теретаните, а со пункт за уплата функционираат обложувалниците.