ОФИЦИЈАЛНО: ОД УТРЕ НЕМА ПОВЕЌЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ОД ЧЕТВРТОК СО РАБОТА ПОЧНУВААТ УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ!

мај 26, 2020

Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на полицискиот час.

Ова вечерва на прес конференција го соопшти и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тоа значи дека веќе од утре нема да има рестркиции на движењето, односно нема да важи полицискиот час.

Од четврток со работа почнуваат и угостителските објекти со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови,

односно терасите на истите објекти.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: