ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: НОВА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ОД 14 ДЕНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

мај 15, 2020

Стево Пендаровски:

Нова вонредна состојба во траење од 14 дена ни е потребна исклучиво за справување со економските последици од пандемијата на #COVID19, како и за заокружување на здравствените одговори. Потенцирам дека ограничувањето на движењето, затворањето на училиштата, градинките и на стопанските објекти, не се директни последици на вонредната состојба. Овие мерки можат да се укинат дури и во вонредна состојба. На денешната седница на #СоветЗаБезбедност сите се согласивме дека стратегијата за справување со кризата дава резултати и дека државата соодветно се справува со овој огромен предизвик. Се надевам дека ќе го зачуваме заедништвото кое го покажавме во изминативе 2 месеци и дека и натаму ќе се поддржуваме едни со други, за полесно да се справиме со последиците од пандемијата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ