strumica denes logo

ОДЛУЧЕНО: Македонија воведува трета доза на вакцина против Ковид-19!

Автор:

Датум:

август 16, 2021

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

август 16, 2021

Категории:

Здравје

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Трета доза на вакцина против коронавирус ќе се воведе во Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека трета доза ќе се препорача кај луѓе кои се имунокомромитирани.

-Станува збор пациенти со трансплантации, пациенти кои се на хронична дијализа и други пациенти согласно дијагнозата. Препораката дојде денеска, во текот на неделата ќе стартува овој процес, истакна Филипче.

Министерот посочи дека во градовите со висок процент на вакцинација нема пациенти во болниците. Како пример ги посочи Охрид, Битола, Штип.

Филипче истакна и дека досега се вакцинирани 4.000 деца до 18 годишна возраст, најмногу од 16,17 и 18 години.