Perdormire
Здравје

ОДЛОЖЕНО ДОАЃАЊЕТО НА ВАКЦИНИТЕ ОД СРБИЈА!

Home

Се одлага најавеното доаѓање на вакцините против ковид-19 од Србија, кое требаше да се случи на граничниот премин Табановце.

Владата тврди дека одложувањето е заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, а вакцините ќе бидат предадени во наредните денови.

Предходно беше најавено дека утре на граничниот премин Табановце српскиот претседател Александар Вучиќ ќе му ја предаде на премиерот Зоран Заев првата пратка вакцини против ковид-19. Станува збор за пратката од 8.000 вакцини на „Фајзер“, за кои Заев пред нецел месец кажа дека ќе стигнат како помош од Србија.