Perdormire
Здравје

ОД УТРЕ APMИЈАТА ИЗЛЕГУВА НА УЛИЦА!

Почнувајќи од утре ќе биде забележано значително присуство на Армијата, комбинирано во заеднички патроли и активности, за обезбедување на сите државни граници на нашата татковина. Ќе имате можност да забележите наше учество и присуство во комбинирани заеднички патроли со полицијата и органите во земјата, изјави денеска началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на прес-конференција пред Генералштабот на Армијата.

Тој појасни дека покрај зајакнувањето и поддршката на граничната полиција на сите граници, дел од армискиот состав ќе се вклучи во комбинирани заеднички патроли со полициските службеници во обезбедување на одредени витални државни објекти, како и влезни и излезни комуникации, но во координации со Владата и во дополнителни ангажмани.

Проценките на Генералштабот, наведе Ѓурчиновски, се дека нема потреба во моментов за каква било мобилизација на резервниот состав на Армијата.

Имаме доволни капацитети човечки и технички, искуство, знаење, имаме соодветни мерки. Единството, диспилината на сите нас исклучиво се суштински со цел успешно справување со кризата, доследно почитување на мерките од надлежните институции, порача тој.

Во името на сите припадници на Армијата, Ѓурчиновски на сите граѓани им го честиташе полноправно членство во НАТО.

Генералот додаде оти од пред два дена по прогласувањето на вонредната состоба во нашата земја, Армијата спроведува и извршува дополнително значителни обврски и задолженија, а веќе реализираат заеднички активности во поддршка на МВР.

Бидете трпеливи, смирени, храбри, одважни, живееме во исклучително тежок временски период, но мора да направиме сè што е во наша моќ да бидеме на висина на задачата, строго да ги почитуваме препораките на надлежните соодветни институциите на Владата. Потребна ни е солидарност и едниство како никогаш досега. Човештвото, земјата, регионот, Европа и Светот се бори со многу моќен невидлив смртоносен непријател, но совладлив е доколку сите бидеме на достоинствен начин и строго ги почитуваме мерките и перпораките на нашите државните институции. Армијата целосно ќе се вклучи во поддршка на нашето население, апелираше Ѓурчиновски.

Генералот упати признаение до сите припадници на армијата, но и здравствените работници, полицијата и сите кои се справуваат со кризата за која во овој момент сите соодветно преземаме мерки.