ОД 12 ЈУЛИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН!

јули 5, 2021

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Оттаму додаваат дека почнувајќи од 12 јули, секој граѓанин ќе може да се вакцинира без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk

„ Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk“ соопшти Министерството за здравство.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ