НОВО: ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ШТИП, ТРИ ЛИЦА ОД ДЕБАР И ЕДНО ОД СКОПЈЕ, СЕ НОВОЗАРАЗЕНИТЕ ОД ВИРУСОТ!

март 19, 2020

Нови 6 лица се заразени од корона вирусот во Македонија. Ова половина час по 16 часот го соопшти министерот за здравство Венко Филиче преку статус на Фејсбук.

-Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, напиша министерот.

Инаку, тие се пријавиле на лекар два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.

Три од заразените лица се од Дебар. На нив тестовите им се направени во рамките на скринингот за порано откривање на вирусот.

Во Скопје е регистриран еден нов случај, кој бил во контакт со претходно дијагностицирани.

За прв пат и во Гостивар е потврден случај на корона вирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

Со ова бројката на заразени во Македонија се искачи на 48 заболени.

Инаку, во моментов се тестираат уште 35 лица, за кои ќе се извести откако ќе бидат готови резултатите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ