НОВИ МЕРКИ ВО МАКЕДОНИЈА: Предложено е задолжителна вакцинација за сите здравствени работници, на работа само со вакцинален сертификат или ПЦР тест!

ноември 17, 2021

Сите вработени во јавна и државна администрација нема да може да влезат на работното место без да покажат сертификат за вакцинација, пцр тест не постар од 72 часа или сертификат за прележаност на ковид 19.

Оваа рестрикција денеска со консензус ја препорачале сите членови на Комисијата за заразни болести и ќе се најде на дискусија на кризен штаб и на владина седница.

За проверка на сите вакцинални сертификати ќе биде задолжен редар на влез на институцијата.

Комисијата препорача вакцината да биде задолжителна за сите здравствени работници.

Мерката ќе стапи на сила 10 дена откако ќе биде изгласана од владата.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека се охрабруваат и приватните компании да го направат истото односно да бараат доказ за вакцинација или негативен пцр тест или сертификат за прележаност, откако тоа го побарала стопанска комора.

Сертификатот за вакцинација што ќе треба да го прикажат вработените во јавниот сектор е за најмалку една примена доза вакцина.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ