НАЌЕ ЧУЛЕВ: ВО СТРУМИЦА 11 ЛИЦА СО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА И 172 ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА!

март 19, 2020

Министерот за Внатрешни Работи Наќе Чулев одржа прес конференција на која рече дека во Струмица (територија на СВР Струмица) до овој момент има 11 лица во изолација и 172 лица во самоизолација.

Од останатите информации за Струмица денеска охрабрува фактот дека до сега сите тестирани се негативни.

Бројките сепак зборуват дека претпазливоста на граѓаните во нашиот регион и во градот треба да биде на високо ниво. Со оглед дека регионот е прометен, тромегие со Република Бугарија и Република Грција и затоа што од регионот има голем број на лица кои работат или остваруват разни деловни и приватни контакти со земјите кои се погодени од Ковид 19. Да потсетиме и дека во последниот месец на наша територија беа откриени поголеми групи на мигранти, чија здравствена состојба за време на илегалност не е утврдена.

Струмичани засега не се жалат на состојбата со снабденоста освен со покачувањето на одредени продукти, нема ниту посебни проблеми со непочитување на мерките.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: