НАЌЕ ЧУЛЕВ: ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОД ПРИТИСОК, ЈАС СУМ ПРОТИВ 58 ЧАСОВЕН КАРАНТИН ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ!

мај 21, 2020

Утрово имаше седница на главниот Координативен кризен штаб каде што беа дискутирани предлозите на комисијата за заразни болести, а во текот на денот очекуваме седница на влада на која што треба да се донесе конечна одлука во однос на мерките за продолжениот викенд. Мојот став е дека секое продолжување на ограничување на движењето на луѓето, вклучително и овој пат кога е во траење од 58 часа не е добро од причина што граѓаните се под интензивен притисок бидејќи овие мерки траат повеќе од два и пол месеци и секое продолжување на движењето не е добро за нивното психофизичко и ментално здравје , вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во вклучување во дневникот на телевизија Сител.

Чулев истакна дека е против воведување на 58 полициски час во недела и понеделник, укажувајќи дека мора да има одреден период од деновите каде што граѓаните ќе можат да ги извршат своите приватни обврски.
Јас го кажав мојот став на главниот координативен кризен штаб, а тоа е дека мора да има одреден период од денот каде што граѓаните ќе можат да се релаксираат и да ги извршат сите оние приватни обврски кои што ги имаат. Значи да нема ограничување во текот на денот од 58 часа во деновите недела и понеделник, додаде министерот Чулев.

Во однос на писмото од страна на Исламската верска заедница, Чулев упати апел до верските заедници да се воздржат од повикување на верниците на прекршување на мерките и препораките за заштита на здравјето на граѓаните.

Значи јас како министер за внатрешни работи и претходно за големиот христијански празник Велигден и еве сега кога имаме голем муслимански празник тоа е Рамазан Бајрам, меѓутоа да не заборавиме дека во недела е и исто така големиот православен верски празник Св. Кирил и Методиј, апелирав до верските заедници и до МПЦ и до ИВЗ дека за доброто и здравјето на граѓаните добро е да се почитуваат мерките на владата и истите да се воздржат од давање на изјави со кои што ќе ги повикаат верниците на кршење на одлуките и мерките. Јас апелирам и овој пат верските заедници да се придржуваат до сите оние ограничувања кои што се со цел заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот, вели Чулев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: