strumica denes logo

MOЖНО Е ПРИМАЊЕ НА ТРЕТА ДОЗА ВАКЦИНА, СЗО ЗАСЕГА НЕМА ЈАСЕН СТАВ!

Автор:

Датум:

јули 25, 2021

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

јули 25, 2021

Категории:

Здравје

„Ставот на Комитетот за имунизација е да се прими вакцина и ревакцина од ист производител. Досега ниту од регулаторните тела во светот, ниту од СЗО нема јасен став за примање на трета доза вакцина“, велат од министерството за здравство за „Локално“.

Деновиве стручниот комитет за имунизација на Србија препорача трета доза од вакцините против ковид 19.

Експертите им препорачаа на граѓаните на Србија кои ја примија втората доза на вакцина против коронавирус пред најмалку шест месеци, да примат и трета.

За третата доза сериозно треба да размислат лицата постари од 70 години, лицата со имунитетeн дефицит и лицата чиј имунолошки систем слабо реагира на двете дози велат епидемиолозите. Покрај Фајзер, во Србија се употребуваат и Спутник, Синофарм и Астра Зенека. Според епидемиолоизте четвртиот ковид бран е на прагот во Србија а на удар ќе бидат невакцинрианите. Исто така и шефот на хрватскиот Завод за јавно здравство Крунослав Цапак најави дека веројатно и во Хрватска ќе има вакцинирање со трета доза.

Трета доза во Турција и Унгарија

Унгарија ќе им понуди на граѓаните да ја примат третата доза на вакцина за коронавирус од 1 август, а имунизацијата ќе биде задолжителна за сите здравствени работници, изјави премиерот Виктор Орбан.

Орбан рече дека лекарите ќе одлучат кои луѓе треба да ја примаaт третата доза на вакцината, пренесуваат регионалните медиуми.

Воедно и во Турција, здравствените работници и луѓето постари од 50 години започнаа да ја примаат третата доза на вакцина против Ковид-19.