МЛАДИ ХЕРОИ: Струмички ученици и нивната наставничка Билјана Гунова Ви велат: ОСТАНЕТЕ ДОМА, ЗА СИТЕ НАС!

март 24, 2020

Нашите млади херои, учениците од ОУ „Никола Вапцаров“ заедно со нивната наставничка Билјана Гунова, упатуваат јасна порака до целото население: Останете дома, за сите нас! Како што вели Гунова за нашиот портал, таа секогаш им дава активности кои ќе ја разработат нивната свест, а последната домашна задача им била на тема: како го замислувам Корона вирусот и што треба да направам да го спречам? Во продолжение погледнете ги фотографиите од учениците и искрено се надеваме дека ќе ги слушаме и ќе останеме дома се’ додека не помине ова зло.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: