strumica denes logo

МИНИСТЕРОТ НАЌЕ ЧУЛЕВ: Граѓаните да бидат спокојни, МВР презема активности за справување со корона вирусот!

Автор:

Датум:

март 15, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

март 15, 2020

Категории:

Здравје

Министерството за внатрешни работи формираше координативно тело чија задача ќе биде следење на состојбата со новиот корона вирус во земјава.

На барање на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев е одржан координативен состанок со врвното раководство на министерството со цел за тековно запознавање со сотојбата, преземањето мерки и активности, согласно мерките на Владата за справување со корона вирусот.

– Граѓаните да бидат спокојни, министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни активности насочени кон соодветно постапување во вакви состојби, информираат од МВР.

Додаваат дека неопходно е Министерството за здравство посериозно да пристапи во процесот на обезбедување и набавка на соодветна опрема и истата да ја стави на располагање за заштита на вработените во МВР.