ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТРУМИЧАНИ: ПРИСТИГНАА 600 ДОЗИ НА ВАКЦИНИ „ASTRA ZENECA“ ВО СТРУМИЦА КОИ НАЈПРВИН ЌЕ БИДАТ НАМЕНЕТИ ЗА ЛИЦА НАД 77 ГОДИНИ!

март 31, 2021

Почитувани пациенти,
на ден 30. 03. 2021 година во ЈЗУ „Здравствен Дом” Струмица се доставени 600 дози вакцини AstraZeneca од страна на Министерството за здравство кои првоначелно ќе бидат наменети за лица над 77 годишна возраст.
Закажувањето ќе се извршува од страна на матичните лекари, преку Мој Термин. Вакцинирањето ќе се спроведува во
Службата за спортска медицина во склоп на ЈЗУ „Здравствен Дом“ Струмица од 31. 03. 2021 година од 07:00 часот.

За сите ваши прашања обратете се на телефонот за контакт 075-495-754

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: