И ДЕНЕСКА ВО СТРУМИЦА РЕГИСТРИРАНИ 2 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНА ВИРУС!

август 16, 2020

Во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во:

– Скопје 34

– Куманово 13

– Тетово 8

– Струга 1

– Битола 1

– Кавадарци 4

– Гостивар 20

– Струмица 2

– Берово 1

– Кичево 3

Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од:

– Скопје 35

– Куманово 1

– Штип 4

– Тетово 1

– Гостивар 1

– Пробиштип 2

– Кратово 1

– Свети Николе 6

Досега во земјата се направени вкупно 126284 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ