Perdormire
Здравје

(ФОТО) КАФЕ „ТРЕНД“ И ПОРТАЛ СТРУМИЦА ДЕНЕС НЕ ГИ ЗАБОРАВИЈА ФАРМАЦЕВТИТЕ: ДЕНЕСКА ИМ ПОДЕЛИВМЕ СВЕЖО ЦЕДЕНИ СОКОВИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО АПТЕКИТЕ ВО СТРУМИЦА!

Заедно со Кафе „Тренд“, денеска на фармацевтите вработени во струмичките аптеки им поделивме свежо цедени сокови во знак на благодарност што во овие тешки денови за Македонија напорно работат и го услужуваат љубезно секој еден граѓанин.

Посетете ја аптеката исклучиво кога е тоа строго неопходно, не создавајте непотребни гужви, одржувајте растојание и бидете трпеливи.

Внимавајте на хигиената и дезинфицирајте се кога влегувате и излегувате од аптеките.

И секако, почитувајте го фармацевтскиот персонал и нивниот совет!

Почит и аплауз за сите Вас во првите борбени редови!

Ознаки