„ФАКТОР“ НЕОФИЦИЈАЛНО ДОЗНАВА: УКИНУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, ОД 1 ЈУНИ ОТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, ОД ЧЕТВРТОК СЕ ОТВОРААТ КАФУЛИЊАТА И УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ!

мај 26, 2020

Од 1 јуни се отвораат границите на Македонија, а полицискиот час се укинува, препорачува Комисијата за заразни болести, дознава Фактор.

Состанокот беше утринава, а според нивните сугестии дозволено е кафулињата и угостителските објекти да се отворат во четврток. Нивните препораки секако треба да ги прифати и Владата.

За денеска се уште нема закажана владина седница, но не се исклучува да биде одржана. – пренесува ФАКТОР.

Моментално полицискиот час е од 19 часот навечер до 05 часот наутро.

Извор од Комисијата за Фактор вели дека полицискиот час секако нема ефект затоа што граѓаните не се придружувале. Д

одава и дека и покрај тоа што границите ќе се отворат Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени.

ИЗВОР: ФАКТОР

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: