ДОКТОРИТЕ РЕАГИРААТ: ИЗМИНАТИВЕ ДВЕ ГОДИНИ СПАСУВАМЕ ЖИВОТИ, ДЕНЕСКА БЕВМЕ НАРЕКУВАНИ „УБИЈЦИ“, ОВА Е „ФАЛА“ ?

август 15, 2021

Д-р Марија Михајлова – ПЗУ Семед:

Речиси никогаш, како тим, немаме реагирано на коментари и пишувања. Но, ова ги преминува сите граници. Ова не нѐ засега само нас, туку и сите наши колеги. Сите оние кои со изминативе две години спасуваат животи на тешко заболени од коронавирусот. Сите кои секојдневно ги жртвуваат своите животи, ги загрозуваат своите семејства и работат со пациенти заразени од коронавирус. Десетици колеги и починаа како последица на коронавирусот.

Ова е „фала“? Извици со „убијци, убијци“?

Ова е огромно разочарување, кое освен за медицинарите, е и за општеството. Секој има право на различно мислење, секој има право да си искаже како ги перципира состојбите, да се вакцинира или не.. Но не и на вакви карактеризирања. Никој не бил принуден на лекарски третман, туку секој сам се јавува на лекување. А за ние да лекуваме, сме го посветиле цел живот на образување кое трае и до денеска. Никој не бил натеран ниту на вакцинација, бидејќи секој сам си се изразува според негова воља.

Туку каде се лекуваат овие лица за кои докторите се „убијци“? Ги повикуваме сите здруженија и институции на осуда на ваквото омаловажување на професијата и медицинарите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: