Home

Perdormire
Здравје

Доцна во ноќта зачука срце кај младо момче – Направена е втора трансплантација на срце во Македонија

Home


Успешно е направена втората трансплантација на срце во историјата на македонското здравство – во 3 часот и 33 минути утринава, 27-годишно момче доби „втор живот“ кога срцето донирано од прерано почината девојка зачука во него, откако семејството одлучи хуманоста да ја стави на прво место во најтешките мигови.

Здравството во Македонија испиша историја кога во мај 2020-та беше направена првата трансплантација на срце во координација со Министерот за здравство и тимот составен од професионалци, откако семејството на Емилија Динева се согласи да ги донираат нејзините органи.

Сега, речиси една година подоцна, се изврши и втората трансплантација на срце во историјата на македонското здравство.

За жал, животот на млада пациентка згасна, а како што изјави Филипче, нејзиното семејство дало согласност за донација на органи. Во тие тешки мигови, семејството на младата девојка ја донело оваа хумана одлука – да спасат друг млад живот.

Во текот на денот беше пронајден соодветен реципиент кој ќе може да го прифати срцето на починатиот донор.

На 17-ти април, на полноќ, Министерот Филипче објави дел од тимот на Кардиохирургија кои беа дежурни вечерта кога се вршеше трансплантацијата.

Неколку часа подоцна, доцна во ноќта, трансплантацијата заврши успешно, а донираното срце почна да чука и му даде втор живот на младо момче.