Амбacaдорот на Pycија: Ќе cтигнaт 200.000 вakцини „Cпyтник“ во Македонија!

април 8, 2021

Амбасадорот на Русија, Сергеј Баздникин денеска од Штип порача дека вакцинацијата на македонските граѓани со руската вакцини ќе оди непречено.

-Вакцинацијата со руската вакцини ќе оди непречено и договорот кој е потпишан од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции и македонското Министерство за здравство ќе биде испочитуван.Договорот предвидува снабдување со 200000 дози на вакцината против корона вирусот Спутник В. Оваа количина која е потребна за вакцинирање на 100000 граѓани. До денес испорачани се 6000 дози, 3000 од секоја компонета. Во моментов се работи за испораката на останатите количини на препаратот. Сакам да ви кажам дека руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот и да обезбеди испорака на вакцините, во вашата земја, вели Баздникин.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ