Perdormire
Здравје

МЛАДИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА ДЕНЕСКА ДОНИРАА ЗАШТИТНИ МАСКИ И РАКАВИЦИ НА ЗАВОДОТ ЗА РЕХАЛИБИТАЦИЈА ВО БАНСКО!

Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Почитувани пријатели,

Денеска УМС на ВМРО- ДПМНЕ во Струмица донираше заштитни маски и ракавици на Заводот за рехабилитација во Банско.

Овие денови ние младите ги почитуваме препораките и мерките и освен по работни и неодложни обврски седиме дома и на тој начин го даваме својот придонес за справување со кризата од Ковид 19.
Но, постојат пријатели на кои мислиме, институции и персонал кои се грижат за нив на кои е потребно колку што можеме да помогнеме.

Истовремено, УМС ОК Струмица ги информира своите членови кои се слободни и кои ги исполнуват условите да се вклучат во организациите кои имат потреба и барат волонтерска помош.