БРАТОТ НА ВЕРЧЕ ЗА „ФОКУС“: Беше среќна и предобра, нека живеат други луѓе, таа би го сакала тоа!

април 17, 2021

Бевме три деца, сега останавме две… Јас сум најстариот брат, Верче и другата сестричка се помалите. Тешко ни е, претешко, но сакавме во овие моменти да помогнеме, да се спасат што е можно повеќе животи – вака во телефонски разговор за Фокус раскажува Мартин Белчовски, брат на 20-годишната Верче од Берово, чии органи семејството ги донираше.

Тој вели дека кобната сообраќајна несреќа во која настрадала Верче се случила на 7-ми април, на големиот верски празник Благовец.

Од тогаш беше во кома, заспа и не се разбуди… Прекрасна, среќна, предобра… Работеше во Струмица во угостителски локал, се грижеше за сите, беше насмеана. На прашањето дали таа нешто сакаше во животот, кои беа нејзините желби, ќе кажам дека Верче само сакаше да биде среќна – појаснува братот.

Оригиналната вест може да ја погледнете на „ФОКУС“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ