Perdormire
Здравје

ФИЛИПЧЕ: Пет нови заразени со коронавирус во Македонија!

Пет нови случаи на коронавирус во Македонија. Петте случаи се дијагностицирани за коронавирусот во државните здравствени институции додека два случаи се  тестирани на приватни клиники и треба дополнително да се потврдат. Двата случаи се дијагностицирани на клиниката Жан Митрев. Поголемиот дел од заболените се од Дебар каде е прогласена кризна состојба, но има и нови регистрирани случаи во Скопје. Министерот за здравство прецизираше дека 3 од 7-те случаи се од Скопје, а 4 се од Дебар.