strumica denes logo

ЗДРАВА КОТЛИНА: ПОЧИТУВАНИ СОЖИТЕЛИ НА СТРУМИЧКАТА КОТЛИНА, ЗА 2 ДЕНА ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ЖАЛБАТА!

Автор:

Датум:

септември 23, 2019

Категории:

Здрава Котлина

Автор:

Датум:

септември 23, 2019

Категории:

Здрава Котлина

НА 25 СЕПТЕМВРИ ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ЖАЛБАТА

Почитувани наши соборци, почитувани сожители на Струмичката котлина!

Часови се веќе во прашање!

На 25 септември завршува рокот во кој треба Државната комисија за одлучување во управна постапка да одлучи по жалбата на Еуромакс за одземањето на концесијата.

Ние не гледаме никаква оправдана причина, ниту пак очекуваме да се пролонгира донесувањето на одлуката затоа што законот е дециден и кажува дека во рок од 60 дена одлуката мора да биде донесена.

Исто така, не гледаме никаква реална причина Судот да не ја потврди одлуката на Владата за одземање на концесијата.

Сите инволвирани страни во овој огромен проблем знаат дека жителите на Струмичката котлина не сакаат рудник. Тоа го знае и Владата на чело со премиерот Заев. Исто така, сите знаеме дека имаме цврсти аргументи зошто мора да се одземе концесијата.

И затоа сакаме да предупредиме дека било какво пролонгирање на одлуката или одлука спротивна на решението на Владата за одземање на концесијата, во Струмичко ќе доведе до многу тензична атмосфера.

Во таков случај, нема да имаме друг избор освен да ја почитуваме волјата на нашите сожители и во најкус можен рок да организираме најразлични начини на протести во кои ќе биде децидно покажана нашата одлучност да нема рудник. Искрено се надеваме дека до тоа нема да дојде.

РУДНИК НЕМА ДА ИМА!