Знаете ли од каде потекнува името на Варош маала?

јануари 15, 2019

Орта маала, исто така наречена и како Варош маала) — една од неколкуте маали во Струмица. Нејзиното име потекнува од турскиот збор orta  што значи средина, додека пак второто име Варош маала ја објаснува самата маала – стар дел од градот, кој обично е на издигнат терен.

Таа, како што и самото првично име кажува, се наоѓала во тогашниот централен дел на градот, граничејќи со Чифлиганската маала на запад. Денес маалото во главно се простира по улицата „Стив Наумов“. Порано, најзначаен објект во маалото била Градската турска пошта, а исто така и Ортомаалската џамија, кои денес се археолошки локалитет и музеј.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ