Наскоро ќе можеме да го посетиме „Титаник“ во дното на морето за 260.000 евра!

февруари 27, 2023

Најлуксузниот брод на своето време, „Титаник“, е познат по приказна со трагичен крај. Сепак, и по 110 години од трагедијата, интересот за него не стивнува. Инспирираше многу играни филмови, документарни филмови, лансираше бројни теории на заговор.

„Титаник“ и денес привлекува големо внимание. Бродот кој потона, иако се зборуваше дека не може да потоне, стана исклучително атрактивна туристичка атракција. „Мишн специалистс“ е сосема нова туристичка тура на „Титаник“.

Компанијата „Оушан Гејт“ се занимава со истражување на длабочините на море. Нивната мисија е слична на онаа на Илон Маск или Ричард Бренсон, со главната разлика што тие не промовираат патувања во вселената. Компанијата сака да овозможи патувања до дното на морето и океанот, за оние кои можат да си го дозволат тоа.

Нивната база се наоѓа на околу 600 километри од брегот на Њуфаундленд, на местото каде што потона „Титаник“. Потонатиот брод се наоѓа на длабочина од 3.800 метри, што во голема мера го отежнува истражувањето, бидејќи се неопходни специјални подморници. За таа прилика, „Оушан Гејт“ дизајнираше нов тип на подморница направена од лесни и силни материјали што може да однесе петчлен екипаж до самиот потонатиот брод.

Новата мисија наречена „Мишн специалистс“ првенствено е наменета за научници и истражувачи, но и за авантуристи кои сакаат да го посетат „Титаник“ и да искусат како е да се биде на големи длабочини. Најголемиот проблем со туристичката посета на „Титаник“ е цената, а засега само оние со подлабок џеб можат да си го дозволат ова уникатно искуство.

„Оушн Гејт“ вели дека ќе дојде време кога луѓето редовно ќе одат во вселената по пониска цена, а истото ќе се случи и со одењето во длабочините на морето. Цената на едно патување до „Титаник“ е околу 260.000 евра по лице. Првата цивилна мисија на обиколка на „Титаник“ е закажана за мај 2023 година, според Еуронуз.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: