strumica denes logo

ЉУБОВТА ГО ПОБЕДИ ВИРУСОТ: МАКЕДОНЕЦ СЕ ВЕРИ СО ДЕВОЈКА ОД ПЕРУ, СЕ СЛУЧИ ПРВАТА ОНЛАЈН СВАДБА!

Автор:

Датум:

април 10, 2021

Категории:

Забава

Автор:

Датум:

април 10, 2021

Категории:

Забава

Вирусот успеа да сруши многу работи и зеде многу човечки животи, но никогаш не ја победи љубовта. Македонецот Мартин Глувиќ за време на пандемијата ја запознал љубовта на својот живот на Крузер, на кој работеле заедно. Мартин веќе пет месеци е во Перу каде живее неговата избраничка Луциа, а неодамна се случи и нивната веридба. Неговите од Македонија немаа шанса да присуствуваат на истата, па затоа веридбата ја следеа онлајн. Глувиќ за Струмица Денес вели дека во мај е закажана и свадба, а потоа заедно ќе дојдат во Македонија.

„Веќе пет месеци сум овде во Перу. Ова е втор пат кога доаѓам, вториот пат е со убава причина – да ја побарам за сопруга. Во мај имаме закажано свадба, потоа здравје доаѓаме во Скопје, па на матично“.

Искрени честитки од тимот на Струмица Денес!