Карневалот во Рио, најголемото шоу на земјата, ќе се случи за прв пат после пандемијата!

февруари 20, 2023

Карневалот во Рио е најголемиот спектакл во светот и најрадосниот настан во бразилскиот културен календар. Главната атракција се парадите на Самбадром. Карневалот повторно се одржува во сиот свој сјај по паузата поради коронавирусот. Федералната влада на Бразил очекува 46 милиони луѓе да се приклучат на свеченостите, кои ќе траат до 22 февруари.

Минатата година поради пандемијата на Ковид-19 карневалот во Рио де Жанеиро беше одложен два месеци и беа забранети одредени активности, на кои присуствуваа главно локални жители.

Повеќето туристи одат на забави на кои учествуваат карневалски улични групи, познати како „блокови“, кои беа откажани минатата година, а годинава во Рио де Жанеиро ги има повеќе од 600.

Спектакл се очекува на Самбадром, каде се наоѓаат училиштата за самба кои трошат огромни средства на едночасовни паради со костими, изјави претседателот на Лигата на училиштата за самба во Рио, Хорхе Перлингеиро.

Тој додаде дека овогодинешниот карневал ќе собори рекорди на Самбадром, каде секој ден се очекуваат околу 100.000 гледачи и 18.000 учесници.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ