Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот?

мај 15, 2023

Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како да му го продолжите векот на вашиот смартфон?

Денес смартфоните не се воопшто евтини и сите се надеваме дека ќе ни служат неколку години.

Иако модерните уреди се издржливи, со некои грешки можете да им го скратите рокот на траење.

Па, како да му го продолжите векот на вашиот смартфон?
Полнете го почесто
Не чекајте телефонот да се испразни целосно пред да го наполните.

Можете значително да ѝ го продолжите векот на батеријата ако ја полните кога ќе се испразни до 10-20%.

Не го оставајте телефонот на полначот

Модерните смартфони автоматски престануваат да се полнат кога ќе стигнат до 100%, што значи не можете да ја „преполните“ батеријата.

Но, проблемот е тоа што по извесен период, батеријата ќе се спушти на 99%, по што телефонот повторно ќе почне автоматски да се полни додека да стигне до 100%.

Ова предизвикува непотребно загревање, и со тоа ѝ го скратува животот на батеријата.

Не купувајте евтини полначи

Ако ви се расипе полначот или го изгубите, секогаш е добро да инвестирате во оригинален.

Никогаш не можете да знаете дали евтиниот полнач е квалитетен и може да предизвика низа проблеми, вклучувајќи прегревање, па дури и пожар.

Бидете внимателни со полначите за брзо полнење

Овие полначи ја загреваат батеријата повеќе од вообичаено. Па, избегнувајте да ги користите кога времето е многу топло.

Извадете ја маската кога го полните телефонот

Како што спомнавме неколкупати досега, при полнење, батеријата и телефонот се загреваат.

Маската може да делува како изолатор, па дополнително да ја зголеми температурата на уредот.

Ова, пак, му го скратува векот.

Не го изложувајте телефонот на директна сончева светлина

И во овој случај, причината е прегревањето на уредот.

Не ги игнорирајте надградбите на софтверот

Надградбите на софтверот постојат со причина, па немојте да ги игнорирате кога ќе добиете известување за нив.

Надградбите најчесто ги подобруваат перформансите и безбедноста на телефонот.

Не инсталирајте непроверени апликации

Ако користите Android, инсталирајте апликации само од Play Store.

Ако имате iPhone, користете апликации само од App Store.

Апликациите на овие софтвери се проверени и безбедни, а за останатите никогаш не можете да бидете сигурни.

Не го полнете телефонот кога има грмотевици

Иако шансите да се случи нешто со телефонот се мали, сепак избегнувајте да го полните кога има грмотевици.

Ретко се случува струја од молња да стигне до штекерите, но доколку се случи тоа, може да ги оштети сите уреди кои се приклучени во нив.

Па, за да бидете сигурни, подобро почекајте да поминат грмотевиците.

 

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ