strumica denes logo

Временска прогноза на Славчо Попоски

Автор:

Датум:

октомври 9, 2018

Автор:

Датум:

октомври 9, 2018

До крајот на денешниот ден времето во државава ќе биде сончево и топло со умерена локална олбачност, во попладневните часови во западната половина од државава ќе има локален дожд и услови за ретка појава на грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интерваслот од 21 до 27 степени.

Потоа во текот на следните денови под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса времето во државава ќе биде стабилно, сончево и топло со мала локална облачност, ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 11 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат од 22 до 27 степени.

Подготви: Славчо Попоски