strumica denes logo

УХМР: Горештини до среда, потоа врнежи и освежување

Автор:

Датум:

јули 7, 2019

Автор:

Датум:

јули 7, 2019

Во првите два дена од работната седмица времето сѐ уште ќе биде топло, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во северните и западните делови каде ќе има и опаѓање на дневната температура, објави УХМР на својата интернет страница.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот. Ќе дува засилен западен, а доцна попладне северозападен ветер, што ќе услови значително намалување на температурата. Од четврток времето ќе биде стабилно, но посвежо.