strumica denes logo

МЕТЕОРОЛОГОТ НА 1ТВ-СЛАВЧО ПОПОСКИ, ЗА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ГО НАЈАВИ ПРВИОТ СНЕГ!

Автор:

Датум:

октомври 19, 2018

Автор:

Датум:

октомври 19, 2018

Натпросечно топлото време за овој дел од годината ќе се задржи уште денес и утре (петок) додека веќе од сабота па натаму поради продор на постуден воздух од север и од североисток ќе има постепен пад на температурите на воздухот.

Атмосферата исто така ќе започне да се дестабилизира со што ќе има и нешто повеќе облачниост над Македонското небо, односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално и нешто подолги.

Ќе има и локални слаби врнежи од дожд и тоа особено во сабота кога локално врнежите ќе имаат и умерен интензитет.

За време на овој викенд ќе започне да дува и умерен ветер од северен правец кој локално ќе засилува по интензитет.

Максималните дневни температури уште утре (петок) ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени додека веќе за време на викендот истите ќе започнат да опаѓаат и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени во сабота додека во недела од 17 до 25 степени.

На самиот почеток од следната недела под влијание на значително постуден воздух од север и североисток ќе дува засилен ветер од северен правец а температурите значително ќе опаднат, ќе има и локални повремени врнежи од дожд.

Поради значителното заладување на времето на планините ќе има услови и за повремени врнежи од СНЕГ со што има услови и за формирање на првата бела покривка за оваа сезона.

Подготви: Славчо Попоски