Сонцето нема да го гледаме уште долко. Веќе од утре ќе имаме облачно време проследено со врнежи од дожд. Врнежите ќе се провлекуваат до крајот на оваа недела и за време на викендот. Температурите се уште ќе бидат релативно високи за овој период од годината и ќе се движат околу 10 степени наутро и околу 20 степени во текот на денот. Со крајот на оваа недела ќе настапи и постепено заладување. Особено ќе се спуштат утринските температури кои во текот на идната недела нема да надминуваат 5 степени, а веќе од наредната ќе се будиме во минус.
Третата недела од ноември ќе донесе осетно заладување. Во овој период дневните температури ќе достигаат до 6 степени а утринските ќе бидат од минус 3 до нулата.
Слично ќе биде времето и во последната недела од ноември.
Кога станува збор за врнежите, освен наредната недела, до крајот на ноември не се очекуваа многу дожд, иако, овие долгорочни прогнози не можат да дадат прецизно предвидување за временските услови на толку долг рок.