ТЕМА НА ДЕНОТ: Како да се ослободите од лошите навики на работното место?

октомври 2, 2018

На работното место секогаш е најважно да останете доследни на својата професионалност и да не ја загрозувате позицијата.

Сепак, некогаш ненамерно пропуштаме да испочитуваме важни точки од работниот бон-тон и со тоа ги наведуваме другите помалку да нè почитуваат, па дури и да не потценуваат.

Погледнете кои три навики ве оттргнуваат од посакуваниот професионален успех:
Зборување со исплашен и несигурен тон
Директноста и сигурноста се ценат. Ако имате прашање, прашајте, без да вртите одоколу. Бидете јасни и сигурни во тоа што го зборувате и не двоумете се.

Не дозволувајте колегите или претпоставените да се посомневаат во вашата самодоверба и квалификуваноста. И секако, избегнувајте непотребно извинување.

Мејловите треба да бидат официјални и професионални
Во службениот мејл нема простор за сленг, за големи букви, извичници и емот-икони. Не се допишувате со пријателите.

Запомнете, службениот мејл служи само за службена комуникација меѓу вас и вашите колеги и претпоставени. Не оставајте впечаток на незрели, затоа што може и да бидете сфатени несериозно.

Не прифаќајте сè што се бара од вас
Во ред е еднаш или двапати да излезете во пресрет ако треба да замените некого, да работите некој час плус или да направите кафе за колеги кога веќе правите за вас. Но, внимавајте ова да не им премине во навика.

Поставете јасна граница и кога нешто не сакате да направите, едноставно кажете дека сега имате работа. По некое време ќе престанат да ви додеваат.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ