Без разлика дали преферирате плаќање во кеш или со лизгање на картичката, нејзината употреба може да биде загрозена на повеќе начини.
Па, за да се заштитите при секојдневните трансакции и плаќања, ви помагаме со 7 трикови и совети кои треба да ви станат секојдневни навики.
Внесување пин-код во банкомат
Советот да ја покриете тастатурата со бројки сè уште е корисен, но има и втора опција.
Кога го внесувате пинот, не користете само еден прст за притискање на бројките. Поставете истовремено два прста на две различни копчиња, но користете притисок само со едниот, на она копче кое е соодветно од пинот.
Имитирањето дека притискате повеќе од само 4 бројки може да ве заштити од „случајно“ откривање на пинот од луѓето во ваша околина.
Помош околу користење на банкоматот
Избегнувајте да барате помош додека картичката ви е во банкоматот. Доколку на екранот ви се појави некаква грешка или непознат натпис, решете го тоа сами или само повлечете ја картичката.
Доколку побарате помош, човекот до вас може „добронамерно“ да иницира да види што точно правите, за да може да ви даде насоки. Тоа значи да го внесете пинот, што е ризично во присуство на непознато лице.
Локација на банкомати
Користете ги банкоматите кои се лоцирани во склоп на банките. Таму е многу потешко да се случи некаков инцидент, со оглед на тоа што има целосна покриеност со камери.
Додека чекате ред за да платите
Додека чекате ред да платите со картичка, избегнувајте да ја држите картичката во рака долго време. Во спротивно, им ја олеснувате работата на оние кои сакаат да ги сликнат цифрите и потоа да ги искористат.
Покривање на CVV кодот
Исто така, паметно би било да го покриете CVV кодот кој се наоѓа на задната страна на картичката и кој се користи за online нарачки.
Внимавајте од каде правите online нарачки
Избегнувајте да користите туѓи компјутери или уреди за правење нарачки преку интернет.