1ТВ-Мајката на малата Софија: Неточни се тврдењата за лажната хуманост на Бојан Јовановски, сами ја одбравме понудата на Фондот за лекување

октомври 10, 2018

Неточни се тврдењата кои кружат во јавноста за лажната хуманост на сопственикот на 1 ТВ, Бојан Јовановски, во врска со случајот за лекувањето на малата Софија, вели за 1ТВ Катерина Караманолева, мајката на девојчето кое моментално се лекува во Турција. Ваквата реакција доаѓа откако на социјалните мрежи продолжија нападите и неоснованите обвинувања од страна на Зоран Божиновски со цел да се дискретира Јовановски, но овојпат со лажни тврдења и манипулации дека сопственикот на 1 ТВ ја прелажал целата македонска јавност, но и фамилијата Караманолев дека ги платил трошоците за лекување на малата Софија.

Со цел да ја откриеме вистината за овој случај ја контактиравме мајката на болното девојче. Караманолева во моментов се наоѓа во болницата во Турција каде се лекува нејзината ќеркичка и не можеше да даде телефонска изјава и затоа разговаравме преку Вибер комуникација.

-Засега би сакала само да кажам дека сме му благодарни на г-динот Јовановски за соработката за пружената помош. Иако не ја прифативме понудата, се уште сме во контакт и драго ми е што е така. Сакам да кажам дека ние НЕ СМЕ ИСПЛАШЕНИ како што кружи низ социјалните мрежи и не е фер да се објавуваат неточни информации. Повторни ќе кажам благодарни сме му на Јовановски за соработката, благодарни на министерството ( ФЗОМ – наша забелешка) што го презема целиот товар за лекувањето на Софија, благодарни на сите хумани луѓе што ни помогнаа. Нам ни останува да се надеваме дека Софија ќе биде добра, изјави за 1ТВ мајката Катерина Караманолева.

Целосната вест може да ја погледнете на следниот ЛИНК

Извор: 1ТВ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ