strumica denes logo

Ова се најпосетуваните веб-страници

Автор:

Датум:

јуни 3, 2023

Категории:

Свет

Автор:

Датум:

јуни 3, 2023

Категории:

Свет

Во големото царство на интернетот, неколку веб-локации постојано се истакнуваат како глобални гиганти. Имињата како „Јутјуб“ и „Фејсбук“ привлекуваат милијарди корисници и ги обликуваат нашите онлајн искуства.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Но, одвреме-навреме новите бранови на иновации носат промени на оваа листа, а тоа е она што се случува во моментов со генеративната вештачка интелигенција.

Големата петорка

Користејќи податоци од компанијата за веб-аналитика „Симиларвеб“, илустраторите од „Вижуал капиталист“ создадоа графикон од 25. најпосетувани веб-страници оваа година. Интернет-страниците во сопственост на „Алфабет“ и „Фејсбук“ и понатаму доминираат.
Всушност, кога ќе се спојат резултатите што ги постигнуваат „Гугл“, „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Вацап“, излегува дека тие сочинуваат три четвртини од вкупниот сообраќај на листата со 25. најпосетувани веб-страници.
Овие 25 најпосетувани веб-страници заедно имаат неверојатни 192 милијарди посети месечно. Повеќето локации на оваа листа се наоѓаат во САД, но има и од Кина и Русија.