Откако ја направи алатката Nearby Share за Windows достапна за корисниците во САД, Google сега ја направи достапна за сите корисници ширум светот.
Корисниците на Android сега конечно имаат опција слична на Apple AirDrop, која е исклучително популарна за пренос на фајлови помеѓу iPhone и MacBook уредите.
Nearby Share за Windows е достапна за сите корисници на Android ширум светот (освен Северна Кореја, Куба, Сирија и Иран), кои сега можат да ја инсталираат оваа алатка за лесен пренос на датотеки помеѓу компјутер и телефон.
Споменатата алатка своите функции ги извршува безжично, како и без потреба од користење облак услуги како Google Drive. На корисниците им е потребен оперативен систем Windows 10 или понова верзија.
Now you can share photos, videos, documents and more between Android devices and Windows PCs using Nearby Share, for an even more seamless experience. #GoogleIO pic.twitter.com/hk8PcBLh0J
— Android (@Android) May 10, 2023
За оние кои се загрижени за својата приватност, Google истакнува дека сите преноси на фајлови имаат end-to-end шифрирање. Исто така, корисниците имаат можност да изберат како нивните уреди ќе комуницираат и на кого можат да бидат видливи.
Nearby Share за Windows ќе работи само на уреди на кои е вклучена опцијата за споделување, кои се во близина и отклучени и кои се најавени на нивната сметка на Google.