strumica denes logo

ВОЛОНТЕРИ ОД 6 ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ГО ПОСЕТИЈА ЦЕНТАРОТ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

март 9, 2018

Категории:

Струмица Денес

Автор:

Датум:

март 9, 2018

Категории:

Струмица Денес

На 09 март, волонтери од 6 европски земји, Македонија, Романија, Португалија, Бугарија, Хрватска и Турција го посетија Центарот за деца со посебни потреби во Струмица и заедно со децата таму имплементираа заедничка ликовна работилница. Цел на оваа работилница е да се покаже важноста од вклучување на волонтери во сите сфери на општествениот живот и како волонтерите може да помогнат за социјална инклузија на сите. Воедно оваа акција е можност за волонтерите од Европа да се дружат и да поминат време заедно со децата од Центарот.

Акцијата е имплементирана во рамки на меѓународната младинска размена ,,Волонтер!,, која се реализира во период 02 – 11 март во Дојран од страна на младинската организација КРЕАТОР од Куманово. Теми на кои работат 32 младинци од Европа се поврзани со волонтеризам, бенефити кои ги добиваме преку волонтерска работа, важноста на волонтерството и како преку волонтерство младите може да се стекнат со вештини кои им се потребни за понатамошниот живот. Во рамки на самата младинска размена се реализирани и повеќе локални волонтерски акции во Дојран, акција за заштита на животната средина заедно со ученици од Дојран, акција – друштвен турнир во играње карти со група пензионери од Валандово, работилница со претставници од УНХЦР на тема како волонтерите беа вклучени за време на бегалската криза во 2015-2016.

,,Целта на овие локални волонтерски акции ни е да ја подигнеме свеста за важноста на волонтерството како и тоа дека секој, без оглед на возраст, пол, националност може да биде волонтер и да допринесе кон подобро општество. Волонтери може да се вклучат во секоја сфера од општествениот живот, дали тоа ќе биде акција за чистење, акција за засадување дрвца, друштвена социјализација и спој помеѓу постарите и помладите, и слично, се зависи од интересот и волјата да се помогне,, – вели Мартин Трајковски, координатор на проектот.

Волонтерите исто така го посетија и Центарот за вработување во Струмица каде слушнаа повеќе информации како преку волонтерство може да се отворат можности за вработување како и тоа како и што работи Центарот за вработување.

Проектот ,,Волонтер!,, е финансиран во рамки на Ерасмус+ програмата на Еворпската унија, преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.  За повеќе информации може да се посети facebook страната на проектот https://www.facebook.com/The-Volunteer-825290657679138/inbox/